Слободното ѕидарство во eкс Југославија

23 јуни, 20110
Masons-naslovna

Од создавањето на првата ложа па сé до денес, слободното ѕидарствo, не престанува да привлекува внимание, не само на љубопитната јавност туку и на голем број на истражувачи. Сите автори го потврдуваат истиот аргумент, дека модерното масонство настана со обединувањето на четирите лондонски масонски ложи и со формирањето на Големата ложа на Англија. Ова обединување беше направено на празникот Св. Јован Крстител, 24 јуни 1717 година во Лондон.

За многу краток период ложите на слободното ѕидарство ја преплавија не само Европа туку и Американскиот континент.

 

Од денот на фомирањето па до денес, слободните ѕидари активно учествуваат во значајни историски настани, настојувајќи да го подобрат општествениот живот. Масонеријата, слободно можеда се каже дека многукратно влијаеше на сите историски настани во Европа, но особен впечаток остави на креирањето на Американскиот сојуз на држави или денес попознат како САД. До денешен ден, масонските ложи во Америка, влијаат на создавањето и креирањето на разни системи на влијание па и владение, пред се преку разни групи на влијателни луѓе како Билдерберг групата, но и преку Трилатералната комисија итн.

За југословенското слободно ѕидарство, постојат бројни текстови во кои се споменуваат создавањето и целите, начинот на функционира, потеклото, ритуалите и основата филозофија и суштина на нивното функционирање. За време на комунистичкиот режим, слободните ѕидари исто така функционирале на овие простори, пред се под закрила на Големиот Мајстор на Југословенската Голема Ложа – Јосип Броз Тито.

Во нашите наредни текстови ќе ви “раскажеме“ за создавањето на слободното ѕидарство на бившите Југословенски простори, а сега ќе ви откриеме само еден дел од темите за кои ќе пишуваме:

Србија

Првата ложа во Србија “Luce dei Balcani” беше основана во 1876 година во Белград од страна на Giuseppe Garibaldi. Подоцна се основани останатите ложи, меѓу кои “Pobratim” во Белград. Српските слободни ѕидари се залагаа за формирање на заедничка држава на Срби, Хрвати и Словенци, која всушност беше и создадена по завршувањето на Првата Светска Војна. Во 1940 година во тогашна Југославија имаше 27 ложи со 2.500 членови, но во Август 1940 година слободното ѕидарство беше забрането. Дури после 50 години, во Април 1990 година, започнаa повторно да функционираат ложите “Pobratim” и “Luce dei Balcani”, а веќе во 1993 година беше основана Големата ложа на Југославија, која единствено има легитимитет до денешен ден за организирање на братствата во денешна Србија……(продолжува)

Хрватска

Правата ложа во Хрватска беше основана во 1760 година од страна на грофот Ivan Drašković. Ложите вo тoа време, носеа француски имиња и функционираа на француски јазик. Во 1777 година, седум ложи се обединија во Голема ложа “In der Provinz der Freiheit”, а кон крајот на 19ти Век, хрватските ложи беа потчинети под Симболистичката Голема ложа на Унгарија. Слободните ѕидари се залагаа за подобрување на општествениот живот, градеа училишта, книжарници и се трудеа на секој можен начин да придонесат во зголемување на културата на повисоко ниво. Во 1918 година по создавањето на Кралството СХС, хрватските слободни ѕидари се одделија од Симболичката Голема ложа на Унгарија. Така што во 1919 година, ложите од Хрватска, Србија и Словенија се обединија и ја формираа Големата ложа на Југославија, со седиште во Белград (која до 1940 година имаше 27 ложи со 2.500 членови). После 50 години од комунистичкото владеење, во 1990 година повторно се формираше ложата “Jugoslavija”, а на 27 Февруари 1992 во Клагенфурт ложата “Illyria” со цел да ги привлече хрватските и словенечките слободни ѕидари. Поддржани од Австрија, на 8 Септември 1997 година се основаше Големата ложа на Хрватска, која во тој период беше составена од три ложи и имаше 70 членови….(продолжува)

Словенија

Првата ложа на подрачјето на денешна Словенија се формираше во 1782 година во Марибор, под називот “Zu den drei Herzen”, а беше под водство на грофот Pötting, но функционираше многу кратко период. Наредните ложи беа формирани за време на окупацијата на Napoleon, но по повлекувањето на Франција овие ложи престанаа со работа, а слободните ѕидари беа прогонети. Дури после 1918 година, слободното ѕидaрство почна повторно да се шири низ ново создаденото Кралство. По забраната од 1940 година, слободното ѕидарство замре се до 27 Јануари 1992 година, кога австриските слободни ѕидари ја формираа ложатa “Illyria”. По формирањето на трите ложи во Љубљана “Dialogus”, “Žiga Zois” и”Archus”, Големата ложа на Австрија на 16 Октомври донесе светло во Големата ложа на Совенија, “Veliko Ložo Slovenije”. Во 1999 година имаше три ложи со 48 членови…..(продолжува)

Македонија

Слободното ѕидарство во Македонија се јавува уште во 19ти Век. Се верува дека со помош на братствата е организирана и Крушевската Република. Многу од интелектуалците македонци, кои студирале во Белград, Софија, Виена, Букурешт, биле дел од Големите ложи на тогашните актуелни Масонски ложи. За фрагменти, зданија изградени со нивна помош во Македонија, како и за поединостите за Масонеријата во Македонија, без да го нарушиме братскиот принцип на отвореност, ќе пишуваме во деновите што доаѓаат. Инаку во Македонија, до пред извесно време постоеја само две ложи. Едната под закрила на Големата ложа на Англија, а другата под закрила на Големата ложа на Америка. Оваа година во Македонија се појави и Големиот Оријент на Франција. Од трите ложи во Македонија, само Големата Регуларна Ложа на Македонија на регуларен начин со пренесување на светлост од братска соседна ложа е осветлена и со работа започна во Македонија…(продолжува)

 

Во наредните текстови ќе ви ги претставиме и најпознатите масони од просторите на бивша Југославија….затоа продолжете да читате  www.popara.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi