Со самата објава дека ќе се прави римејк на светски познатиот филм “Телохранител”, веднаш почнаа шпекулациите за тоа кој може да ја замени Витни Хјустон.
Како прв предлог беше дадена Ријана.Некои пак ги наведоа Бијонсе, Џенифер Лопез, Тејлор Свифт па дури и Мајли Круз. Меѓутоа, која ќе биде онаа која ќе ја има улогата на пејачката дива ќе дознаеме многу наскоро.
Исто така сеуште не се знае кој ќе ја добие улогата на Кевин Костнер, во позиција на телохранител, а како кандидати се јавуваат Ченинг Татум, Двејн Џонсон, и Марк Велберк.