Најбогатиот човек во светот казнет со една милијарда долари

popara18 април, 20111min00
к
Компанијата на мексиканскиот милијардер Карлос Слим казнета е со една милијарда американски долари, објави весникот “Фајненшел Тајмс“, пренесува Нетпрес.
Мексиканската федерална комисија за конкуренција ја прогласила за незаконска дел од дејноста на најголемата телекомуникациска компанија во Мексико, “Америка Мовил“ и нејзината фирма-ќерка “Радиомовил Дипса“ (Телцел), обвинета за зголемување на тарифите за роаминг и за дојдовни повици.
“Освен тоа комисијата смета дека ’Америка Мобил’ постојано ги зголемува цените во обезбедување на услуги во конекцијата меѓу мобилните и фиксните линии, со конкурентските телекомуникациски компании“, пишува весникот.
Раководството на компанијата не се согласува со изречената глоба и најавило жалба.
Компанијата “Америка Мовил“ контролира 70 отсто од активите во мобилната комуникација во Мексико, а клиенти на операторот “Телцел“ се 90 отсто од граѓаните на оваа земја.
Телекомуникациите се главниот бизнис на Карлос Слим, кој од 2010 година е на лидерската позиција на листата на најбогати луѓе во светот, според рангирањето кое го рпави магазинот “Форбс“. Богатсвото на Слим изнесува 74 милијарди американски долари и со голема брзина се зголемува. Само во 2010 година тој заработил околу 20 милијарди долари.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag