Најчести грешки заради кои се дебелееме

3 ноември, 20110
dieta

Ги следите правилата на здравата исхрана, но сеуште имате проблем со вишокот на килограми? Можеби вашата грешка се состои од следењето на погрешни принципи.

Здравата исхрана не е доволна за витко тело: Фактот дека јадете  здрава храна не значи дека не треба да внимавате колку калории внесувате. Некои видови на здрава храна се многу калорични,како на пример авокадо, ореви, маслиново масло, оризот, интегралниот леб. Црвеното вино и темното чоколадо содржат антиоксиданти, но исто така содржат и многу калории.

Избегнувајте брзи диети: Наглото намалување на килограмите не „лаже“ да поверуваме дека сме ослабнале многу, па се враќаме на старата исхрана. Меѓутоа, проблемот е во тоа што килограмите се враќаат назад со староновиот начин на исхрана.

Вежбањето е не е оправдување да прејадување: Доколку вежбате, не значи дека ви е дозволено да се прејадувате. Само нека ви текне колку труд сте вложиле во вежбањето, па сигурно нема да си дозволите да го поништите тој труд со 100 гр. чоколадо.

Помали оброци се решение: Јадење помали оброци го забрзува метаболизмот, но тоа повторно не е доволно за трајно намалување на тежината. Повеќето луѓе навистина јадат мали оброци, но јадат неколку пати почесто отколку што е потребно.

Салата со секој оброк: Да, но без никакви додатоци. Салатата од зеленчук спаѓа во здрава исхрана, но доколку секој пат ставате различни преливи, внесувате многу повеќе калории отколку што мислите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi