Најден првиот пештерски хомосексуалец

7 април, 20110
xde3ch

Археолозите откопале остатоци стари 5000 години за кои веруваат дека се од најстариот пештерски геј човек. Телото на маж датирало од 2900-2500 година пред нашата ера, бил закопан на начин кој бил вообичаен за жените во Corded Ware културата. Скелетот е пронајден во едно предградие на Прага, Чешка свртен со черепот накај исток и опкружен со локални бокали и ритуали кои предходно биле видени само во женските гробови. “Од историјата и етнологијата , знаеме дека луѓето од овој период погребувањата ги сваќале доста сериозно, така да малку е веројатно ова позиционирање и погребување да било грешка“, изјавил главниот археолог Камила Ремисова Весинова. “Многу по веројатно е тој да бил човек со поинаква сексуална ориентација или транссексуалец“, додала таа. Corded Ware културата која започнала во доцната камена доба, а кулминирала во бронзената доба, мажите биле традиционално погребувани легнати на десната страна со главите покажувајќи кон запад. Мажите биле погребувани со оружја, чекани и неколку делови од храна и пијалок до нив. Археологот Катерина Семрадова, на пресконференцијата изјавила дека тимот верува дека се работи за најраните случаи на трансексуалност или хомосексуалност. Иако и предходно имало случаи каде на пример било пронајдено тело на женски воин кој бил погребан како маж за време на Мезолитот.

Но, само за потсетување дека минатата година беше пронајдена најстарата секс играчка од камената доба, така да веројатноста и тврдењата на археолозите дека се работи за хомосексуалец се доста големи.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi