Натали Портман: Пушев марихуана, но сега веќе не
7 април, 20110

Натали Портман изјави дека за време на студентските денови пушела марихуана, но веќе неколку години не го прави тоа. Сега сум стара за тоа, јас во 22 часот сум веќе во кревет, изјавила 29 годишната Натали.
Натали Портман заедно со Џејмс Франк и Дени Мекбрајд глуми во филмот “Your Highness”. Токму заради оваа улога таа ја дала и изјавата, да им соопшти на своите обожаватели дека веќе долго време не пуши марихуана и дека ги обожува комедиите кои се базираат на искуставата на “напушените” луѓе.