Љубителите на јахти и скапи бродови сигурно ке останат без здив од најновата “вулканска јахта”.
Екстравагантната јахта „Tropical island Paradise“ долг 90 метри е дело на британската компанија која се занимава со изградба на бродови и јахти „Yacht island Design“.
“Надворешноста на јахтата е дизајнирана да се создаде впечаток на бранови кои удираат во вулкански остров, но притоа со целосно задржување на модерниот дизајн” изјави Rob MekFirson директорот на компанијата.
На јахтата се наоѓа вулкан од кој се спушта водопад, а водата директно се влева во базенот.
Во внатрешноста на јахтата има кино, библиотека, сала за вежбање, игротека, бања и ВИП апартмани, а бродот е опремен и со хелиодром.
На луксузната јахта може да се сместат 10 гости, а брзината на движење изнесува 15 јазли.
“Постојат две причини зошто ние ја дизајниравме оваа јахта. Првата причина е забава, а втората причина е презаситеноста на пазарот со јахти и бродови кои премногу личат едни на други”, изјави McPhearson.
Цената на оваа луксузна јахта сеуште не е позната.