Универзитетот Харвард или едноставно Харвард е најстариот универзитет во САД. Претставува еден од најпрестижните американски универзитети и е член на таканаречената Лига на Бршлени. Харвард е приватен универзитет сместен во Кембриџ во сојузната држава Масачусетс. Наречен е по свештеникот Џон Харвард. Харвард е еден од најпривлчените универзитети во светот и годишно произведува многу научници, писатели и политичари кои подоцна се прославуваат.
На Харвардскиот простор во кампот се наоѓаат училници, паркови, атлетски клуб, веслачки клуб, стадион, црква, книжара и се што им е потребно на студентите. На Харвард предаваат истакнати професори од целиот свет. На него студентите можат да се придружат на групата која најмногу им одговара пр. спорт, шах, биологија, политика, глума итн.
На Харвард не може да се запише баш секој; на него се запишуваат некои од најдобрите ученици на САД и од светот и тоа по препорака на некој професор. Студентот на Харвард мора да се бави со повеќе ваннаставни активности и мора да биде присутен на секое предавање.
Харвард е најстара високообразовна институција во САД, основана на 8 септември 1636 година. Џон Харвард по неговата смрт во 1638 година, ја оставил својата библиотека и половина од својот имот, токму на оваа институција. На Универзитетот се запишуваат повеќе од 20.000 кандидати, кои степенот на студии го продолжуваат како додипломски, постдипломски и професионални студии.
Основното мото на овој Универзитет е Veritas, или на македонски, вистина. Академскиот кадар изнесува 2.107 по број. Администраторскиот кадат е 2497, а медицинскиот 10,674. Кампусот на овој Универзитет се протега на 85 хектари главниот дел, медицинскиот кампус на 9 хектари и Allston кампусот на 145 хектари. На овие кампуси живеат повеќе од 360,000 студенти во САД и низ другите држави во светот.
Харвард е повеќе од универзитет – тој е традиција. Ниту една друга американска институција за високо образование нема такво видно место во историјата на нацијата или имагинација.
Харвард е основана како мала институција со мисија за едукација на протестантски свештеници. Но тој се зголемуваше, како што се зголемуваше и САД, се прошири во големина и обем, и ги дидерзифицираше своите студенти, студии и предавачи. Денес дипломата од овој Универизитет не е почитувана само во САД, туку во целиот свет. Харвард брои седум американски претседатели, меѓу алумни, а над 40 нобеловци меѓу своите сегашни и поранешни факултети.
Скоро две третини од своите 19.500 студенти се имаат запишано за свое професионално или посдипломско усовршување токму во овие школи, кои вклучуваат ( медицина, право, школо за влада, јавно здравство и други).
Харвард не само што е најстарото училиште за нацијата, туку тоа и првата и најстара корпорација во САД.
Харвард ја има најголемата академска библиотека во САД. Во м оментов има 13.6 милиони тома литература, кои некои датираат од 1700 години. Од оригиналните делови на Џон Харвард, основачот на универзитетот, само една е останата. Останатите биле уништени во катастрофален пожар. Универзитетот има свој стадион, музеј и други простории за разни активности.
Од сегавните судии во Врховниот суд, шест од девет, имаат студирано право токму тука. Од американските федерални судии, 149 имаат студирано на Харвард. И се разбира претседателот Барак Обама има дипломирано на Харвард во 1991 година со докторат.
Оваа година тој се најде прв на листата најдобри светски универзитети, пред се поради квалитетот на услугите во наставата, предавањата и областа на истражување, а па потоа условите кои ги нуди на своите студенти.
Официјален сајт на универзитетот http://www.harvard.edu/index.php .
Листата на факултети кои ги нуди овој универзитет.
- Harvard Business School
- Harvard College
- Division of Continuing Education
- Harvard School of Dental Medicine
- Graduate School of Design
- Harvard Divinity School
- Harvard Graduate School of Education
- School of Engineering and Applied Sciences
- Harvard Kennedy School
- Graduate School of Arts & Sciences
- Harvard Law School
- Harvard Medical School
- Harvard School of Public Health
- Radcliffe Institute for Advanced Study