Најдобрите работи во животот се бесплатни?

popara4 јуни, 20111min00
HappyPeople

Велат дека среќата на ја прават парите, брзите луксузни автомобили и скапата гардероба, туку семејството, пријателите, убавината на природата која не опкружува, според резултатите на едно истражување.

Истражувачите откриле дека работите кои секогаш будат насмевка на нашето лице или ни го подобруваат расположението, всушност се работи кои ни се достапни на сите нас и се целосно бесплатни.

Кога учесниците на ова истражување, биле прашани да одговорат, кое им е најважно задоволство, 22% од 2000 испитаници одговориле дека тоа е насмевката, а веднаш по задоволството на смеата, биле добрата храна поделена со најблиските пријатели. На трето место со 19% се нашле прегратките со блиските лица.

Истражувањето покажало дека и покрај зголемениот број на материјални задоволства, поголемиот број од луѓето мислат дека најубавите работи и задоволства во животот се бесплатни.

Меѓу десете работи кои ги прават луѓето среќни се нашле и сончевите зраци, добра книга, шетање по плажа како и мирис на свежо искосена трева. Исто така и во зајди сонцето, разгледување на стари фотографии и спомени, како и одењето на спиење во чиста постела.

Истражувачите велат дека, депак луѓето се свртуваат кон едноставните работи и животните задоволства кои не се плаќаат, а претставуваат вистинска среќа во животот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma