Најдобро облечени жени во светот – петти дел

17 јуни, 20110
naslovna moda1

29 – Kim Kardashian – најпознатата американка која секојдневно ги полни таблодите, а никој незнае која е нејзината професија. Единствено нешто по што конкретно е позната е реалното шоу каде таа настапи со нејзините сестри. Во стилот на гардероба нема револуционерни креации и експериментирања, повеќе се цени поради нејзините облини, не поради тоа што облекува.

 

28 –  Lady Gaga – оваа пејачка за разлика од лани се искачи за 2 места погоре. Но нема сомнение, критикувана, пофалувана за својот стил, едно е јасно, дека таа е една и единствена, бидејќи само таа успеа да носи креација од месо.

 

27 – Кaty Рerry –  оваа е девојката која секое шаренило и стои, само што оваа година падна за 16 места на оваа листа. Оваа пејачка е храбара во изборот на парчиња гардероба, не се плаши да експериментира и има одличен стил. Фустаните од латекс со јаки бои  на принтови се нејзин заштитен знак.

 

 

26 – Јessica Аlba – американската убавица во актерските води, скоро никогаш не била критикувана за својот стил. Ќе ја видите во прекрасни комбинации и тоалети од гала свеченостите и црвениот килим.

 

 

25 – Nicole Richie – ќерката на Лајонел Ричи, препознатилива по својот џетсетерски стил, пред се поради и својата другарка Парис Хилтон, скоро никогаш нема да ја забежежите да стави нешто на себе, а тоа да не е брендирана гардероба. И самата таа лансираше своја модна линија.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi