Најдолгата змија во светот, запишана во Гинисовата книга на рекорди е питонот од врстата Python reticulatus кој бил долг 7,5 метри, тежок 135 килограми и стар 18 години. Тој живеел во зоолошката градина Колумбус од 2007 – 2010 година. Во извештајот на зоолошката градина ијавиле дека питонот починал од тумор.
Овој вид питони се најдолг вид змии и рептили, а најголемиот питон од овој вид бил долг 10 метри и бил убиен во 1912 година во Индонезија.