Колин Фруз, го направил најдолгиот мотор во светот, кој е долг дури 22 метри и има 25 седишта.
Колин поминал еден месец составувајќи го моторот со 25 седишта, во градината на неговата мајка.
“Кога го завршив, мислев дека никогаш нема да проработи и дека ќе биде невозможно да се одржи справен во мала брзина. Но, кога еднаш ќе тргнете веќе е полесно. Само е тешко да се управува со него”, изјавил Колин.
“Ќе биде тешко да се вози на пат, бидејќи за да се сврти, патот би требало да биде за шест пати поширок. Мислам дека тој е идеален за римските патишта”, вели изумителот на моторот.
За да се запише во книгата на рекорди, од Колин се очекува да помине 100 метри со своето возило, но тој успеал да помине повеќе од еден километар, а сега планира да испрати снимка и изјави на сведоци на официјалните лица за Гинисовата евиденција.
Тој веќе држи светски рекорд за најбрз електричен скутер, кој се движи со брзина од 114 километри на час, а верува и дека долго ќе ја држи титулата како рекордер на најдолгиот мотор.