Најекстравагантни подароци во светот :))) Видете кој ги добил и се ќе Ви биде јасно :)))

30 октомври, 20110
1

Љубовта го врти светот, љубовта исто така ги прави прави претерано естравагантни подароците кои ги добивате од вашите сакани, сеедно дали е тоа вашиот партнер, пријател, дете или родител. Факт е дека луѓето трошат мнооогу повеќе пари кога купуваат подарок за некој близок. За ова дури и истроијата е сведок. Ние ќе ви ја претставиме листата на најскапите подароци во светот, од скап до најскап…:)))

10. Чанта за Викторија Бекам

Дејвид Бекам и подарил на Викторија чанта со редок дијамант од вкупно три изработени во една година. Торбата е изработена од чисто бела кроколдилска кожа и има 3 каратен дијамант за заклучување.

Цената на овој подарок изнасува неверојатни 129.000 долари, сума со коај може да се купи куќа на неколку места во светот.

9. Вереничи прстен на Бет Остроски од Хауард Стерн

Радиската мегаѕвезда Хауард Стерн, ја запросил неговата девојка Бет Остроски со прстен со 5,2 каратен смарагд и тоа на денот на вљубените.

Цената на прстенот изнесува над 250.000 долари.

8. Подароци од кралот Абдула за претседателот Обама

Кралот Абдула на Саудиска Арабија, со цел да покаже благодарност за соработката, потрошил 300.000 долари за претседателот Обама. 190.000 долари за луксузни камења, ретки книги, украси до мермер, златни палми и камили, обетки со дијаманти, часовник, и тоа во првата година од претседателството. Овој подарок мислам дека ги надминува границите на учтивост.

7. Статуа на слободата

Големата статуа на слободата што е поставена во Њујорк претставува симбол на пријателство меѓу Францусите и Американците. Изработена од дизајнерот Бартолди, Статуата на слободата висока 151 метри се залага за слобода и правда.

Статуата е подарок од САД од народот во Франција.

Цената на статуата 530.000 долари.

6. Дијамант на Тејлор-Бартон

Елизабет Тејлор добиваше многу скапи подароци од својот поранешен сопруг Ричард Бартон. Во 1972 година, роденденскиот подарок од Бартон, ги надмина сите други подаоци. 69,42 каратен крушовиден дијамант кој бил пронајден во Јужна Африка. Чини повеќе од 1 милион долари.

5. Престенот на Бијонсе

Пејачката Бијонсе доби прекрасен 18 каратен беспрекорен дијамант поставен во платина, во моментов е со вредност над 5.000.000 доалри. Дизајниран од златарот Лорен Шварц.

Овој подарок Џеј Зи го чинел 5.000.000 долари.

4. Скулптура Роман Абрамович

Еден од најбогатите луѓе во светот, Роман Абрамович плати околу 14.000.000 долари за бронзена скулптура за неговата девојка. Скулпрурата е изработена од швајцаркиот скулптор Алберто Џакомети и се нарекува “Femme de Venise”.

Цената за оваа скулптура изнесува 14.000.000 долари.

3. Орлов дијамант

Руската царица Катерина Велика му купуваше подароци на Број Григориј Орлов, воен командант. Таа му овозможи 800 слуги, изгради прекрасна палата за него, и купи имот во близина на Санкт Петербург. За возврат, Грофот и го даде својот уникатен дијамант кој бил со  големина како јајце од гулаб. Дијамантот беше наречен Орлов. Цената на Орлов се смета за непроценлива. Дијамантите Орлов се 198,62 карати со сино-зелена боја.

2.Кохинор дијамант

Иако првично бил пронајден во Андра Прадеш во Индија пред неколку века, Кохинор се смета за најголемиот дијамант најден досега. На времето овој дијамант му припаѓал на монарх кој владеел во Индија, пред конечно да падне во британки раце и тоа како плен во војна.жденес единствениот 186 1/16 каратен камен е помал од одригиналната големина. Во еден момент Кохинор бил изедначуван со половина од светот за еден ден.

Овој дијамант се смета за бесценет.

1.Таџ Махал

Таџ Махал низ вековите е олицетворение на вистинска љубов. Оваа неверојатна структура е изработена од бел мермер од страна на императорот Шах Џахан со цел да ја прослави својата љубов со саканата сопруга Мумтаз Махал.

Персиската принцеза, Мумтаз Махал починала на 39 години, нејзината смрт го уништила императорот, кој го изградил овој траен споменик во чест на нејзината последна желба. Изградбата започнала 1632 година и траела долги 22 години, а биле ангажирани и 20.000 работници и занаетчии за да се заврши овој огромен мавзолеј.

Цената се проценува над 32 милиони индиски рупии во тоа време, што се околу 710.000 долари.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi