Најголема кула од Лего коцки
11 април, 20110

Во текот на овој викенд во Бразил беше срушен светскиот рекорд. Поточно неколку ентузијасти од Сао Паоло, го срушија рекордот кој до сега го држеа неколку прваци од чилеанскиот Сантијаго, и направија висока кула од лего коцките 31,19 метри. Кулата е направена исклучиво од познатите лего коцки, без помошни средства лепак и слично. Кулата е поставена на главниот плоштад во Сао Паоло.