Најголема рагби топка на светот
1 август, 20110
![PHOTO_13445934_7691_4775452_ap_320X240](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/08/PHOTO_13445934_7691_4775452_ap_320X240-610x269.jpg)
На 15 март во Марко Поло хотелот во Хонг Конг, Кина била претставена најголемата рагби топка во светот. Топката поставила нов гинисов рекорд а нејзините димензии изнесувале 4,709 m должина и 2,95 метри висина.
Најголемата рагби топка била направен од страна на компанијата Cathay Pacific Airways Limited. Материјалот за изработка е ист како и кај оргиналните рагби топки. Според правилата на Гинисовата книга на рекорди ™, рагби топката мора да биде пропорцијално направена според големината на нормалната топка. Топката била ставена на аукција за да се соберат средства за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Јапонија и Нов Зеланд.