Најголемата тајна на Тито! Малите зелени биле во СФРЈ!!!

26 јули, 20110
naslovna

Многу тајни, политички и социјални, се чувани далеку од очите и ушите на граѓаните на тогашна СФРЈ. Сепак, еден настан на средината на 1960-тите го знаеле само Тито и неговите најблиски луѓе.

Според многу статии и дискусии на интернет, во ноември 1966 година, во тогашна СФРЈ се урнало НЛО во облик на диск, со кој припадниците на воената полиција на ЈНА, го извлекле телото едно суштество за кое подоцна е “утврдено” дека не е човек. Натанот наводно се случил во близина на местото Оточек.

Телото на пилотот, за кој се верувало дека е пилот на ЈНА, пренесено е во Белград, каде е извршена обдукција. На фотогафиите може да се видат тројца хирурзи во мантили и ракавици кои обавуваат некоја врста на обдукција. На сликите јасно се гледа дека тоа не е човек, иако лекарите првично сметале дека се работи за телото на пилотот на ЈНА, кое било запалено во несреќата при падот на авионот.

Овој настан многу брзо бил заборавен, а за него бил информиран само Јосип Броз Тито, кој наводно и самиот го видел телото на вонземјанецот. Тогашната воена контра-разознавачка служба се потрудила настанот да не дојде до јавноста. Сликите од 1999 година, ги добил роднина на еден од хирурзите кои ја извршиле обдукцијата, а кои сега живеат во Словенија. Тој ја објавил сликата на интернет.

Сликите веќе некое време кружат на интернет, но некој сеуште не го довел до прашање нивниот кредибилитет. Хирурзите на сликите изгледаат типично за југословенските лекари од тоа време, а и квалитетот на црно-белите фотографии е во согласност со квалитетот на филмот на тогашните фото-апарати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi