Франсиско Доминго Жоаким влезе во Гинисовата книга на рекорди поради неверојатниот „распон“ на устата. Двесет-годишното момче од Самбизанга може да ја развлече устата цели 17 сантиметри!
“Сонот ми се оствари”, гордо изјавил Франсиско.
Во една минута тој успева 14 пати во устата да стави и да извади една лименка „кока-кола“. Со неговата вилица тој може да изведе многу трикови кои кружат на интернет и преку кои се здоби со титулата “Човек со најголема уста на светот”.