Проклетството на 27-цата: Музичари кои починаа на 27 години

28 јули, 20110
27naslovna1del

Клубот 27

или проклетството на 27 е наслов за групата на влијателни музичари кои починале на 27 годишна возраст. Причината за смртта за сите нив е “рокенрол“ начинот на живот. Злоупотребата на дроги, алкохол, апчиња за спиење, главно се причините што овие музичари прерано загинаа, а сепак останаа многу влијателни во индустријата.

Клубот 27 се состои од два поврзани феномени: едниот е листата на седумте познати музичари кои починаа на 27 години, блуз пејачот Роберт Џонсон, Брајан Џонс, Џими Хендрикс, Џенис Џоплин, Џим Морисон, Курт Кобејн и неодамна починатата Ејми Вајхаус. А вториот е листа на други познати личности кои исто така починале на возраст од 27.

1. Роберт Џонсон – неговото цело име е Роберт Лерој Џонсон, роден 8 мај 1911, а починал 16 август 1938 година, американски музичар и блуз пејач. Неговиот слабо документиран живот и раната смрт, довеле до многу легенди за него. Тој претежно свирел на улица, низ помали клубови, така што имаше малку комерцијален успех и јавно признание додека бил жив. Мултиталентот со специфичен вокал, добри вештини на гитарата и талентиран текстописец имаше понатаму влијание врз подоцнежните генерации на музичари.

Џонсон сега е признат како господарот на блузот, особено на Мисисипи Делта блуз стилот. Негиот лик и дело биле примени во Рокенрол холот на славните во 1986 година. Од магазинот Ролинг Стоунс беше рангиран на петтото место во 100-те најдобри гитаристи на сите времиња.

Тој загинал на 16 август 1938 година, на 27 години, во близина на Гринвуд, Мисисипи. Постојат неколку теории и митови за неговата смрт, меѓу кои дека бил убиен, односно отруен, од сопругот на едена жена со кој тој наводно флертувал. Му било понудено шише виски во кое имало отров. Тој се смета за првиот член на овој клуб на музичари кои починале на 27 години. Ќе остане запаметен по следните песни:

 

2. Брајан Џонс – Луис Брајан Џонс Хопкинс е полното име на овој музичар, роден во Англија на 28 февруари 1942 година, а починал на 3 јули 1969 година. Англискиот музичар и еден од основачите на познатата група Ролинг Стоунс. Неверојатно талентиран музичар, кого го сметаа за мозокот на Стоунси. Основни музички инструменти на кои творел биле гитара и хармоника, но свирел и на многу други. Неговите иновативни употреби на традиционалните народни инструменти ќе останат запаметени, а оригинално тој се сметаше за лидер на групата.

Многу брзо Мик Џегер и Кид Ричардс го засениле откако станаа успешен тим за пишување текстови. Сепак, Џонс низ годините сериозно злоупотребувал разни наркотични супстанци, а проблемот никако да исчезне низ годините, па така и неговата улога во бендот се повеќе се намалувала. Тој ги напушти Стоунси во јуни 1969 година, а беше заменет со Мик Тејлор.

Тој почина помалку од еден месец подоцна во неговиот базен. На полноќта меѓу 2-3 јули 1969 година, неговото неподвижно тело било пронајдено во базенот. Кога лекарите пристигнале веќе било предоцна, а тој бил прогласен за мртов. Неговата смрт беше првично прогласена како “несреќен  случај“, но потоа се воспоставило наводно дека неговото срце и црн дроб биле драстично зголемени поради злоупотреба на дрога и алкохол. Неговата девојка, Ана Волин од Шведска, била убедена дека тој бил убиен. Џегер и Ричардс не присуствуваа на неговиот погреб. Тој почина на 27 години, па така стана вториот член на познатиот Клуб 27.

http://www.youtube.com/watch?v=nWRrWpmMU6A

http://www.youtube.com/watch?v=S6qu0pdma1w

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi