Во Париз, неодмана беше отворен најголемиот бизнис центар во Франција, кулата “First“ висока 231 метар, јавиле медиумите. Кулата е за 21 метар повисока од до сега највисоката зграда во Париз, кулата Монпарнас и тешка е 22.000 тони, што е двојно повеќе од најпознатата и највисоката француска градба, Ајфеловата кула, која е висока 324 метри.
Реконструкцијата на кулата First, на која беа надоградени 61 метри, започната е во 2008 година и чинела 440 милиони евра. Комерцијалната зграда се наоѓа во познатата бизнис област во Париз на 80.000 квадратни метри.
First, наскоро добива конкуренција, поради тоа што треба да се заврши кулата светилник, висока 300 метри, која исто така ќе служи како бизнис центар.