Најголемиот градник на светот!!! И тоа на зграда го закачиле… :)))

9 ноември, 20110
ginisss

Некои компании ги декорираат своите згради со светлечки реклами, додека некои се многу покреативни. Една од нив е и компанијата Vanish, која го создаде најголемиот градник на светот, кој би му бил точен и на Гуливер, ако беше женско.

Розевиот градник, кој влезе во Гинисовата книга на рекорди, е изложен на зградата на британската ТВ станица ITV, која редовно учествува во необични проекти. Градникот е всушност дел од кампањата за подигнување на свеста за ракот на дојка, која секоја година е потпомогната од компанијата Вениш.

Градникот е долг 26,72 метри, а ако се вклучат и корпите, тогаш неговата должина достигнува 29,6 метри. Самиот градник е напрвен од 375 метри платно и тежи 75 килограми, а со металниот механизам неговата тежина достигнува 90 килограми. За негово производство биле потребни четири недели, а група алпинисти работеле три дена за да го постават на зградата на британската ТВ станица.

Секоја година компанијата Вениш се обидува со неверојатни идеи да ги мотивира граѓаните да донираат средства и да ја подржат борбата против ракот на дојката. Минатата година во кампањата биле собрани 2,5 милиони фунти, од кои 2 милиони биле донирани на хуманитарни организации кои се борат против ракот на дојка.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş