Најголемиот коктел од ракчиња во светот

30 октомври, 20110
ginis

Мексиканскиот град Мазатлан е познат под прекарот „Бисер на Пацификот“, но неговите жители исто така го нарекуваат „главниот град на ракчињата“. За да го потврдат ваквиот прекар, локалната асоцијација на хотелиери се потруди да го сруши гинисовиот рекорд за најголем коктел од ракчиња на светот.

Претходниот коктел – рекордер, кој го направи група на студенти од Холандија, тежеше 116 килограми. Новиот коктел – рекордер е трипати поголем, и тежи неверојатни 538.5 килограми.

За овој гинисов рекорд биле потребни девет месеци за подготовка. За огромната чаша, која е висока 1,91 метар и има дијаметар од 1,36 метри, биле потребни четири месеци за изработка. Дури 80 готвачи работеле на чистење на околу 33.000 ракчиња кои подоцна се најдоа во коктелот.

Освен ракчиња, коктелот содржел и сос направен од 57 килограми кечап, 10 килограми сок од лимон, 5,6 килограми салца, 4 килограми ворчестершар сос, 3 килограми сол, 1 килограм табаско сос и околу 30 грама мелен црн пипер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi