Градинарот Петар Глазбрук се запиша во Гинисовата книга на рекорди како сопственик на најголемиот кромид на светот.
Глазбрук, кој потекнува од Нуарк, Нотингамшајр, Англија од својата бавча ископал кромид тежок неверојатни 8.150 килограми. Тој во септември се пријавил и го презентирал кромидот на Есенскиот Панаѓур во Харогат, Англија, а потоа и добил сертификат за неговиот кромид-рекордер од Гинисовата книга на рекорди.
Со својот кромид Глазбрук го срушил претходниот рекорд од 3.8 килограми поставен во 2005 година. Глазбурк е сопственик и на уште три гинисови рекорди – најтежок компир, најтешка репка и најдолг корен од цвекло.