Најголемите феномени во светот, кои не се предизвикани од човекот! – шестти дел

21 октомври, 20110
797px-Infrasound_Arrays

6) Природен инфразвук

Инфразвукот е опишан како било кој друг аудио бран чија што фрекфенција е пониска од 20Hz, а кои можат да бидат исперципирани од човечкото уво. Нема сомнение дека инфразвукот постои и дека може да биде и откриен и креиран од аудио технологијата. Звукот може да патува на долги растојанија и често се поврзува со природните феномени како што се вулкански ерупции и земјотреси. Тоа можеби претставува причина зошто животните можат да ги предвидат ваквите настани пред луѓето и истражувачите сега користат опрема за детектирање на инфразвукот, како дел од системот за цивилна одбрана за рано предупредување.

Истражувањата покажаат дека кога луѓето се изложени на инфразвук тие развиваат чувства на преплашеност од натприродните сили, страв, депресија и анксиозност и сето тоа може да доведе до напад на паника. Некои истражувачи дури тврдеа дека фрекфенцијата од 19Hz е поврзана со паранормални настани и може да биде поттик за нарушување на човековата визија и создавање на илузии и лоша перцепција.

Доколку изворот на инфразвукот е доволно моќен тој може да создаде вибрации во објектите и да доведе до движење на предметите кои се наоѓаат внатре во објектите како и кршење на стакло. Инфразвукот се користел за време на политички собири со цел да се стимулира народот односно се користел како психолошко оружје за деморализација на непријателот и како засилувач на специјални ефекти во филмовите. Ефектот на инфразвукот на човечкото тело е дел од многу истражувања, меѓутоа изложувањето на луѓе на толку ниски фреквенции сеуште не е легално. Сепак, сеуште не се утврдени ефектите врз здравјето на луѓето доколку се изложуваат долгорочно на толку ниска фреквенција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi