На 18 септември, 2004 година, повеќе од 31.000 студенти од Политехничкиот универзитет на Филипините се собрале во Манила облечени во разнобојни маички и капчиња, и танцувале на модерна поп музика формирјќи го најголемото човечко виножито кое влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Настанот бил пропратен со потпишување на Декларацијата за мир. Целта е на сите универзитети во светот да се воведе предмет кој ќе обрне внимание на глобалното насилство, сиромаштијата и експлоатацијата, а воедно ќе придонесе и за граѓани кои ќе се залагаат за светски мир.
Виножитото треба да пренесе порака за мир до целиот свет.