“Најгољамиа” boss “тоjест” Нарко газда, ште си заповjaда в затвора си:) Блгарите го “хапнаja”:))

popara11 август, 20111min00
gecev

Бугарската полиција уапсила четири лица во Благоевград во југозападниот дел на земјата, и запленила околу три килограми хероин и 50.000 евра, меѓу уапсените е Стојан Гечев наречен Кравата, за кого се верува дека еден од најголемите трговците на хероин на Балканот.
Групата била уапсена на паркингот пред хипермаркетот “Метро” во Благоевград. Како што пишуваат бугарските медиуми, се верува дека Гечев води меѓународна криминална група која дистрибуира дрога на територијата на Бугарија, Македонија, Турција, Грција и Западна Европа.
Според изјавите на бугарскиот министер за внатрешни работи Цветан Цветанов, Гечев бил уапсен и во 2005 година и кај него биле пронајдени 19 килограми хероин и бил осуден на 17 години затвор, но поради жалби се уште не бил затворен.
Цветанов изјавил дека очекува Врховниот суд да ги преиспита сите детали околу случајот Гечев, и да не му дозволи да остане на слобода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag