Најлошите диети на светот

popara27 јули, 20111min00
losi dieti

Мислите дека сте ги пробале сите диети што постојат? Расмислете повторно. Не препорачуваме да ги пробате овие диети, туку само слатко да се насмеете.

Диета Заспана Убавица

Ако не сте будни, не можете да јадете, нели? Застапниците на оваа диета се обидуваат што повеќе да спијат, за да не му приоѓаат на фрижидерот. Дури и се клукаат со таблети за спиење, само за да издржат во планот.

Диета со тенија

Земете една тенија орално и уживајте … се додека не дојде време проклетството да се исфрли од вашите црева. Во еден момент во Србија постоела приказна дека се продаваат таблети за слабеење со јајца од тенија, а тој што ги пиел, ја “убивал“ тенијата со последната капсула од кутијата.

Диета со топки памук

Почнете го секој оброк со предјадење од топки од памук. Така ќе ви го наполни стомакот, што нема да сакате да вкусите нормална храна. Оваа диета, според приказната на Џенис Селест, мајката на моделот Сеси Лопез, ја практикуваат денешните манекенки, само што топките од памук ги топат во сок од портокали, за полесно да “лизгаат“.

Диета со бебешка храна

Бебињата тежат само неколку килограми, а возрасна личност неколку десетици. Потребите на организмот се различни. Тогаш, има ли смисла да ги копираме и да ја јадеме нивната храна?

Флечерајзинг

Хорацио Флечер проповедал џвакање на секој залак точно 32 пати за храната добро да се “прочисти“, а потоа тоа што е останато во устата да се исплука. На овој начин добивате хранливи материи со помалку калории. Како не!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag