Сибирскиот уметник Анатолиј Коненко го направил најмалиот и најслаткиот аквариум на светот. Стаклената коцка со димензии 30 x 50 x 14 милиметри е полна со шарени каменчиња, песок, тревки и 10 мл вода. Аквариумот има и филтер за прочистување на вода, со што малите рипчиња ги имаат сите услови за живот во овој интересен аквариум.