Бразилските девојки кои се наоѓаат во затвор имаа еден интересен настан, а тоа е избор на најубава девојка зад решетки.
Девојката која победи на овој необичен избор на мис се вика Raira Passion, со егзотичен изглед и грациозна фигура се чинеше како да го освоила светот или барем така во моментот се чуствуваше.
Но, несомнено дека ова за неа беше најдобар момент во животот, таа на крајот од денот, сепак мораше да се врати во нејзината ќелија во затворот за жени во Бразилија.
Таа беше една од 100-те жени затворенички кои учестуваа на овој избор на убавина. Од 12 финалистки кои беа избрани од агенција за модели, Raira Passion доби најголем број на гласови, па така заслужи да носи круна на главата, иако од страна имаше вооружени стражари, сепак ова за неа беше некаков вид достигнување.
Овој избор се одржува бидејќи на тој начин управителите веруваат дека на жените ќе ги поттикнат на мотивација, на поставување добри цели и вредности и чекорење кон подобра идинина, кога ќе излезат од казнено поправниот дом.