5-те најнеобични хотели во светот

13 август, 20110
2

Како што се зголемуваат потребите и желбите на светските туристи, така и понудата на угостителите станува се понеобична и се повозбудлива. Еве само дел од најнеобичните хотели во светот. Уживајте…

 

Casablanca Hotel, New York City, USA

Чувството дека се наоѓате во една од 48-те удобни соби во хотелот на Times Square во Њујорк е неверојатно. Амбиентот потсетува на времето на Богарт, а тука е и познатото Rick’s Café.

 

Hydropalace, Quingdao, China

Хотелот е сместен во Жолтото море, а собите се наоѓаат на 16 до 20 метри длабочина. До нив ќе ве донесе службената хотелска јахта. Доколку сте љубител на морето, уживањето е загарантирано.

 

Ice Hotel, Quebec, Canada

Не е баш за „зимурливите“, но оние што ја сакаат зимата ќе уживаат. Овој хотел има 34 соби и две уметнички галерии целосно изградени од снег и мраз.

 

Propeller Island City Lodge, Berlin, Germany

Овој хотел има 31 соба со најразлична содржина и нуди огормен број можности. На вам останува да изберете дали ќе преноќите во мртовечки сандак или во луксузен кралски кревет.

 

Library Hotel, New York City, USA

Овој хотел е сместен во близина на Градската Библиотека во Њујорк. Има 60 соби распоредени на 10 спратови. Секој спрат е дизајниран да го следи „Децималниот Систем на Dewey“. Може да бирате дали сакате литература, јазик, историја, филозофија…или можеби математика.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi