Најпосакувани дестинации за 2012 :) Спремајте куферите :)))

21 октомври, 20110
6

Според резултатите на една онлајн анкета направена е листа со номинации за најпосакуваните градови и земји кои треба да се посетат во 2012 година.

Да се избере само една дестинација е најлош кошмар за секој турист, па поради тоа ќе ви предложиме поголем избор на дестинации за вашето следно патување од соништата.

На листата се наоѓаат по 10 дестинации во две категории кои се номинирани од страна на анкетираните.

Кои градови задолжително треба да ги посетите во 2012 година?

Рејкјавик е опуштен и мал град но ви го нуди сето она што и големите градови и што е најважно не е од оние скапите.

Лисабон е доволно мал за да можете да го запознаете само за еден викенд, но толку пријатен што ќе посакате да останете многу повеќе.

Берлин има преубави знаменитости, музеи, опери, храна…и секоја наредна година има се поголема  понуда за своите посетители.

Истамбул во последно време е многу популарна туристичка дестинација. Планините и морето, живописната култура, одличниот ноќен живот…

Мексиканскиот град Пуебла е незаборавна дестинација поради многуте причини меѓу кои славниот фестивал кој овде се одржува секоја година во месец мај, необичната кујна и култура…

Никаде во светот не се случуваат толку многу нешта истовремено како во Њујорк. За Големото јаболко не е потребно да се набројуваат причини зошто припаѓа на листата на топ дестинации нели?

Бангкок е секогаш меѓу омилените дестинации. Градот нуди се, одлични пазари, храна, храмови…Овде ќе ги видите традиционалните тајландски активности но и се она што го нудат и  модерните метрополи.

Лондон, толку многу нешта ве очекуваат во овој град следната година, Летните олимписки игри, како и сето она што го прави Лондон она што е.

Барселона во моментов е омилено место за многу туристи. Има одлична архитектура, неверојатна инфраструктура и чисти медитерански плажи во близина на центарот од градот.

Рио де Женеиро се подготвува за Светското првенство и со брзиот развој на економијата Бразил се избори за своето место на светската сцена така да во иднина Рио ќе биде се повеќе во центарот на вниманието.

Која држава ќе биде најдобрата дестинација за 2012 година?

Во оваа листа за 2012 година според резултатите на последната анкета се следниве држави Словенија, САД, Турција, Англија, Ирска, Италија, Филипини, Индија, Колумбија и Мексико.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi