Најпознатите плажи на Родос

7 јули, 20110
rhodes

Родос е познат по своите спектакуларни и песочни плажи. Покрај кристално чистото море, можете да уживате во многу спортски активности, специјалитетите во таверните или да се разладите во баровите.
Најпопуларните плажи на Родос се Afandou, Faliraki, Kalatos, Kalitea, Traganou, Tsambika, Vagiе и Agati .

Afandou се наоѓа 22 километри југоисточно од градот Родос.
Опис: Плажата е песочна, не постои можност за изнајмување опрема за на плажа, но поради тоа има помалку гужва. Најблиското село: Afandou.

Faliraki се наоѓа на северо-источниот дел од островот, 14 км од главниот град на Родос.
Плажата е песочна,долга четири километри, достапно е изнајмување на чадори, лежалки и  опрема за спортови на вода, со многу гостилници, ресторани и барови. Најблиското село: Faliraki.

Kalatos се наоѓа 50 милји југоисточно од главниот град на Родос.
Плажата е песочна, а морето кристално јасно. Можете да изнајмите дрвени лежалки и чадори направени од бамбус. Најблиското село: Kalatos.

Kalitea се наоѓа на северо-источниот брег на Родос, одалечена 10 километри од главниот град на Родос. Плажата е позната по своите топли извори, кои имаат благотворен медицински ефект. Морето има смарагдно зелена боја и е јасно, а палмите и боровите дрвја, обезбедуваат да се засолните од сонцето. Најблиското село: Kalitea.

Traganou се наоѓа 15 милји југоисточно од главниот град на Родос и околу четири километри од Falirakia. Плажата е песочна, а морето кристално јасно. Само мал дел од плажата е организиран, а остатокот е оставен во природна состојба. На плажата има и мал рибен ресторан. Најблиското село: Faliraki.

Tsambika се наоѓа 26 милји југоисточно од главниот град на Родос. Плажата е песочна и морето е кристално јасно. На оваа плажа можете да уживате во спортови на вода, а може и да најдете мини маркет. Најблиското село: Arhangelos

Vagie се наоѓа 15 милји југоисточно од главниот град на Родос. Плажата е опкружена со карпи и морето е кристално јасно. Во близина на плажата се наоѓа пристаништето за помали чамци и таверна која нуди морски специјалитети и вкусни предјадења. Најблиското село: Faliraki

Agata се наоѓа 38 милји југоисточно од главниот град на Родос. Плажата е песочна, а морето со смарагд зелена боја и кристално јасно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit