Најпродавани уреди Нокиа, а платформи Андорид

20 мај, 20110
0101

Цунамито и земјотресот во Јапонија, сепак не влијаеа толку на пазарот на мобилни телефони, заклучува аналитичката компанија Гартнер, во својот извештај кој се однесува на продажбата за првиот квартал од оваа година.

Во овој период ширум светот се продадени 427,8 милиони уреди, односно 19% повеќе во однос на првиот квартал на 2010 година. 23,6% од продадените телефони се новата генерација на паметни телефони, што претставува раст од 85% од минатата година.

Нокиа има продадено 107,6 милиони телефони ширум светот, а со тоа и понатаму останува на прво место, со 30% удел на пзарот. За Самсунг ова е  најдобар прв квартал на сите времиња, а се продале 68,8 милиони Самсунг уреди, со што оваа компанија се позиционираше на второто место.

Трет е LG со 24 милиони продадени телефони, четврт е Apple со 16,9, а петти е RIM со  нешто повеќе од 13 милиони продадени уреди.

Што се однесува до платформите на паметните телефони, во првиот квартал највеќе се имаат продадено Андроид со 36,3 милиони, но Symbian и понатаму го држи најголем удел на пазарот. Телефони со софвер на Microsoft се продадени 3.66 милиони, од кои 1,6 милиони се Windows Phone 7 уредите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *