Најсекси овошје

22 јуни, 20110
najseksi ovosje

Слатки, сочни, едноставно се топат во уста и ни ги будат сите сетила…

Кога се со интензивна црвена боја, зрели и свежи, јагодите се богати со витамин Ц (60 mg на 10 dkg), а содржат малку калории (35 mg на 10 dkg). Без шеќер и шлаг можеме да ги јадеме колку сакаме! Ако сте од оние несреќници кои од јагодите имаат алергиски реакции, тоа може да се избегне ако ги јадете еден час пред пообилен оброк.

КАКО ДА ГИ ОДБЕРЕТЕ НАЈДОБРИТЕ?

Јагодите се сезонско овошје и зреат во пролет и на крајот на летото. Не треба да ги купувате вон сезона, бидејќи тогаш немаат вкус. Бирајте убави, црвени и сочни јагоди, со зелена петелка и ливчиња.

– Најдобро е да ги купите во кошнича која ги штити од гмечење.

– Интензивниот мирис често е знак дека се свежи. Најдобро е да се јадат истиот ден кога ќе ги купиме бидејќи стоењето во фрижидер влијае врз нивниот вкус.

– Ако се чисти не мора дополнително да се мијат, но ако сепак сакате, накратко истуширајте ги под млаз вода.

– Големите јагоди ретко кога се вкусни и затоа подобро е  да купите мали, кои имаат поинтензивен и побогат вкус, а ако нема такви, подобро е да се одлучите за шумски јагоди – со нив не мозжете да погршите.

ТРИ ОСНОВНИ РЕЦЕПТИ

Пена од јагоди

Измешајте со миксер 500  грама јагоди со 150 грама шеќер и сок од лимон.

Сорбете од јагоди

Измешајте со миксер 600  грама јагоди, сок од половина лимон, сируп од 450 грама шеќер и 4,5 dl зовриена вода.

Мармалад од јагоди

Посипете 1,2 kg јагоди со 800 g шеќер и сок од два лимона и оставете ги да стојат 12 часа. Протресете ги, преместете ги во глинен или водоотпорен сад и оставете ги во фрижидер 12 часа. Исцедете ги и варете ги 10 минути. Тргнете ја пената, додатете јагоди и варете уште 5 минути. Мармаладот распоредете го во стаклени тегли и цврсто затворете ги.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi