Најстарото животно во светот

popara7 август, 20111min00
dzonatanzelka

Џонатан е желка што живее на островот Света Елена, и е во исчекување на својот 179 роденден. Оваа желка дојде на островот во 1882 година, а експертите проценуваат дека Џонатан тогаш веќе имал околу 50 години. Интересно е, што тој пристигнал со уште два други члена од својот вид, и немаше име се до 1930 година, кога беше “крстен” од страна на гувернерот Спенсер Дејвис.
“Се храни со трева, а времето го поминува со другите млади желки. Морам да признаам дека е многу жив, и уште трча по женки за парење”, изјави претставник на локалната туристичка канцеларија.
Неговата точната возраст ќе се обидат да ја утврдат експертите, но Џонатан може да се види на една фотографија од 1900. година, па се проценува дека во моментов тој има околу 178 години.
Претходниот рекорд го држеше Хариет, џиновска желка од Галапагос, која почина во 2005 година на возраст од 176 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma