Мексиканците имаат најдолг, а Белгијците најкраток работен ден, е резултатот од истражувањето на 29 индустриски земји, кој го објави Организацијата за економска соработка и развој. Со ова се сруши и еден стереотип за мексиканскиот менталитет “мањана“ (во смисла, ова утре ќе го направам). Мексиканците во просек работат и платена и неплатена работа, по 10 часа на ден, пренесува Ројтерс. Белгијците на своите платени или неплатени работни места поминуваат во просек само седум часа на ден, што е еден час под просекот од повеќето други земји членки на оваа организација. Истражувањето е спроведено врз луѓе од 15 до 64 години во 26 земји членки на ОЕСР, како Кина, Индија, Јужна Африка.
Во Мексико милиони луѓе работат во сива економија, често за многу малку пари. Тие земаат само неколку слободни дена годишно, работејќи до својата старост. Белгијците пак имаат повеќе од една недела слободен годишен одмор, а се пензионираат околку 60тата година.
Кога се зема предвид само платената работа, највеќе работат Јапонците, во просек преку шест часа на ден. По нив следат Јужнокореанците и Мексиканците. Најмалку за плата работат Данците, под четри часа дневно. Куќните, домаѓинските работи највеќе со нив се бават Мексиканците, просечно со повеќе од три часа на ден, додека најмалку Јужнокореанците, со нешто повеќе од еден час на ден.
Околу готвењето, со тоа најмалку се занимаваат Американцитем, во просек половина час на ден, а најмногу Турците, во просек 74 минути на ден. ОЕСР ја изнела проценката дека вредноста на неплатениот работен труд во 25 земји е опфатен со ова истражување и дека тој е еквивалент на третина брутодомашниот производ од сите земји членки во оваа организација.