Накитот на папата на аукција

18 април, 20110
PopePaulVI

Накитот полн со дијаманти кои папата Павле VI, го донираше на ОН пред скоро половина век за добротворни цели, наскоро ќе се најде на аукција според американскиот магазин  National Jeweler. Папата донирал еден прстен и пекторален крст на ОН во 1965 година, за да се соберат пари за сиромашните. Откако златарот од Чикаго Хари Левинсон го купил накитот за тогашни 64 илјади долари, парите биле дистрибуирани до агенциите на ОН. Од тогаш накитот бил во рацете на неколку сопственици, а сега ќего продава познатата златара Алан Пери на барање на сопственикот на накитот преку e-bay. Вредноста на накитот е проценета помеѓу 550 и 620 илјади евра. Накитот ќе биде изложен во златарата до 23 април, кога ќе започне аукцијата. Папата Павле VI ја носеше титулата од 1963 до 1978 година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *