Намирници за детоксикација на телото

13 јуни, 20110
detoksikacija

Детоксикацијата на организмот е важна за да му дадеме на нашето тело прилика  да се прочисти и одмори од секојдната борба со отрови.

Алга

Морска трева која содржи голем број на антиоксиданси кои помагаат за подобрување на крвта и го подобруваат дигестивниот тракт. Алгите успешно ги апсорбираат отровите, ги врзуваат и на тој начин го чистат огранизмот, а исто така важен фактор е и крвта која соджи голем број минерали кои алгите, поради своето океанско потекло, ги содржат во себе.

Јаболко

Можеби на пв поглед е најобична намирница, но јаболките се одличен извор на влакна, витамини, минерали, биофлавоноиди, кои помагаат во детоксикација на организмот. Се препорачува косумирање на органски одгледувани јаболки кои не се прсани, бидејќи во спротивно внесуваме голема количина на пестициди.

Лук

Лукот е многу моќен природен антибиотик и антисепик, кој ги уништува бактериите и ја намалува количината на токсини во телото. Поголеми количини се тешки за желуднкот, па затоа е препорачливо да се комбинираат со состојќи кои ќе го олеснат внесот, како свежо сирење со павлака.

Ленено семе

При детоксикација, важно е процесот да се одвива на вистински начин. Лененото семе е одличен извор на влакна и омега 3 масло, што ја прави една од најважните намирници во процесот на детоксикација. Вообичаен начин на косумирање е една лажичка ленено семе со сок од лимон наутро, што ќе го подобри растворањето на семето во организмот.

Брокула

Брокулата ослободува важни фитохемикалии за време на варењето. Вкусна е и оди добро во комбинација со различни намирници. Најчесто се користи како основна состојка во крем супа. Сеедно е дали ќе ја консумирате варена или свежа.

Лимон

Главна карактеристика на лимонот е да се стимулира ослободување на ензими кои ќе ги претворат токсините во течност и така полесно ќе ги исфрлите од телото. Најдобро е да се пие наутро, како лесна лимонада без шеќер, што ќе ја избалансира киселоста на храната која ја внесуваме во текот на денот.

Ѓумбир

Ѓумбирот содржи активна состојка кукумин, која му дава жолта боја, а најдобро делува на црниот дроб и дигестивните нарушувања.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi