Направена вакцина против хероин

popara26 јули, 20111min00
heroin

Нов начин за борба против хероинската зависност би можела да биде вакцина, тврдат американските истражувачи.

Американските научници тврдат дека развиле потенцијално ново оружје за борба против дрогата: вакцина против хероин. Истражувачите во Скриптус истражувачкиот центар сметаат дека нивната вакцина, која е испитана на глувци, создава антитела кои спречуваат хероинот да стигне до мозокот и да предизвика еуфорија.

Раководителот на проектот Ким Јанду изјавил: Никогаш не сум видел толку силен одговор на имунолошкиот систем на лек, каков што предизвикува динамичката анти-хероинска вакцина.Се надеваме дека таквата вакцина ќе биде добра терапија за оние кои што сакаат да се ослободат од својата хероинска зависност.
Резултатите на истражувањето покажале дека на глувците кои ја примиле вакцината помалку им требал хероин, тимот на Јандин смета дека ова истражување ќе помогне да се намали злоупотребата на хероин, кој во светот го користат 13 милиони луѓе од кои преку 100 илјади умираат, а поретко се шири ХИВ висрусот и се финансираат криминалски и терористички активности.

Целокупното истражување ќе се објави во списанието Journal of Medicinal Chemistry.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag