За хуманоста на нашиот Тоше никој до сега нема спорено. И не треба. За неговиот блажен лик, неговиот глас, стас… да не говориме. Детето беше синоним на чистота и позитивна енергија.
Канонските правила на нашата црква и потребата од три чуда, се јасни. Зарем нема исклучоци од таа пракса, а прашање кое може да го поставиме или уште подобро да го потегнеме до нашите црковни власти? Желбата сигурно не е само наша. Напротив. Би сакале да полемизираме на оваа тема. Добредојдени се Вашите коментари. Ќе ги објавиме сите што се со адекватна содржина.
Ви благодариме!