Нашминкајте се според хороскопскиот знак – прв дел

17 ноември, 20112
sminka

Најновиот тренд во светот на шминката е Астро-шминкање. Според овој начин на шминкање, секоја жена треба да се шминка во согласност со боите на нејзиниот хороскопски знак. Еве што советуваат поборниците на овој тренд на шминкање:

Овен:
Бои: темно црвена, зелена, сина, килибар, црна, кафеава и портокалова.
Руменило: црвенкасто бронзена боја со златни пигменти.
Сенка: бела или боја на слонова коска.
Кармин: бордо кармин го стимулира вашиот остар ум.
Креон: црна боја.
Бои треба да се избегнуваат: светло розева.

Бик:
Бои: виолетова, црна, сина, кафеава, зелена и жолта боја.
Руменило: руменило со сјај со кое ќе додадете раскош на вашата убавина, женственост и елеганција.
Сенка: Боја на шампањ, кајсија, виолетова и розова.
Кармин: светло розев кармин со сјај.
Креон: темно сина боја.
Бои треба да се избегнуваат: црвената боја им дава негативна енергија на биковите.

Близнаци:
Бои: светло жолта, зелена, бледо сино и бела.
Руменило: златни и жолти нијанси.
Сенка: Метални или маслинасти снки ќе ја нагласат вашата духовитост.
Кармин: темноцрвен или златест кармин за заведување.
Креон: Сив или кафеав креон, размачкан околу работ на окото.
Бои треба да се избегнуваат: Сè што е црвено!

Рак:
Бои: сребрена, индиго сина, метална, тиркизна, бела, црна, сина.
Руменило: нежна варијанта на розева боја.
Сенка: кремаста или сива со метален сјај, или пак светло сива која ќе ја нагласи вашата мистериозна страна.
Кармин  природна црвена боја со сјај.
Креон: црн како јаглен.
Бои треба да се избегнуваат: портокалова и жолта кои може да направат дисбаланс во вашата енергија.

Лав
Бои: портокалова, жолта, виолетова, сребрена, бакарна, златна, црвена, кралски сина, и бела боја.
Руменило: Бакарна боја со златест сјај за да се нагласи вашиот „кралски“ карактер.
Сенка: Комбинација на килибар, црвена, златна и бакарна.
Кармин: портокалов, за да ја покажетев моќна енергија.
Креон: Црн.
Бои треба да се избегнуваат: Бледи и пастелни нијанси.

Девица:
Бои: црна, кафеава, зелена, лаванда, темна сина, бела и жолта боја.
Руменило: светло кафено со нијанси на лаванда
Сенки за очи: кафена или темно кафена која ќе го прикаже вашиот суптилен шарм.
Кармин: бронзен или кафен.
Креон: сив.
Бои треба да се избегнуваат; се што е блиску до црвената.

2 comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi