Наскоро, аукција за најстариот моторцикл во светот!!!

1 ноември, 20110
motorcikl

Моторциклот на пареа, стар скоро 117 години, во јануари 2011 ќе се појави на аукција во Лас Вегас. Ова е еден од првите моторцикли во светот, а се претпоставува дека на аукцијата може да достигне цена до 370.000 евра.

Инаку, откривачот на овој моторцикл пред 117 години бил уапсен поради возењето на овој моторцикл, но подоцна бил ослободен од  полицијата, бидејќи не можеле да дефинираат какво злодело направил. “Roper Steam Powered Motorcycle” е дизајниран од страна на Силвестер Ропер можел да достигне брзина од неверојатни 65 км. на час. А се состои од мал котел и парна машина прицврстена за рамка од велосипед.

Бизараната работа поврзана за овој моторцикл е тоа што неговиот дизајнер починал во 1896 година возејќи се на него и тоа од инфаркт. Но не се знае дали е последица од возењето или не. По неговата смрт, најстариот моторцикл бил во сопственост на многу луѓе и присутен на многу изложби. Од 1996 година се наоѓа во рацете на денешниот сопственик кој го понудил на аукција.

Дизајнерот Ропер изработил само два моторцикли на пареа, овој кој ќе оди на аукција е направен во 1894 година, додека другиот се наоѓа во музеј.  А секако мора да напоменеме дека овој најстар моторцикл сеуште е функционален.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi