Наташа Беквалац има нов дечко

popara19 април, 20111min00
n
Познатата српка пејачка Наташа Беквалац е во нова љубовна врска со српскиот ракометар  Љубо Јовановиќ, пишува “Ало“, пренесува НетПрес.
“Пред два месеци Наташа со својата сестра Кристина се сретнале со клупскиот соиграч на Јовановиќ, Владо Мандиќ, инаку дечко на Кристина. Со него бил и Љубо и оттогаш започнале искрите меѓу пејачката и ракометарот. Тие си размениле телефонски броеви по што следувале долги разговори меѓу нив. Љубовта се родила и тие двајца сега се заедно. Љубо ја пратеше Наташа на настапот во Котор“, изјавил извор близок на парот.
Изворот вели дека тие не сакале да се експонираат во јавноста затоа што Наташа е сеуште во брак со ватерполистот Данило Икодиновиќ.
“Низ новосадската чаршија кружат приказни дека Наташа често се гледа со Љубо, а за нивните средби како изговор им служат Кристина и нејзиниот дечко, рекол изворот за “Ало“.
Владо само делумно ја потврдил оваа приказна.
“Точно е дека ги запознав Наташа и Љубо. Двајцата ги познавам повеќе од десет години, ние сме добри другари, со тоа што со Љубо сум поблизок зашто заедно играме ракомет во Војводина. Не мора да значи дека некое дружење меѓу маж и жена веднаш мора да биде протолкувано како љубовна врска. И двајцата ми се драги, и што и да биде меѓу нив јас ќе ги поддржам“, рекол Мандиќ.
Интересно е тоа што актуелниот дечко на Кристина ја запознал Наташа со нејзиниот, сега веќе поранешен сопруг, Данило кој во тоа време му бил најдобар другар на Владо.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag