НАТО се извини за бомбардирањето на бунтовниците

8 април, 20110
NATO

НАТО се извини за погрешното гранатирање на конвој бунтовнички тенкови во близина на источниот град Аџдабија, соопштил командантот на либиските бунтовнички сили.

Генералот Абделфатах Јунис изјавил дека смртниот воздушен напад се случил и покрај предупредувањето до НАТО дека тенковите се преместуваат на фронталната линија.

Од НАТО соопштиле дека го истражуваат тврдењето, без дополнителни детали.

Бунтовниците информирале дека четири лица загинале, додека според други информации најмалку 13 војници загинале во бомбардирањето.

“Сакаме да добиеме одговори за тоа што се случи. Сакаме рационално и убедливо објаснување“, рекол генералот Јунус.
Тој додал дека таква грешка не смее да се повтори и повикал на поголема соработка во иднина.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi