Кортни Кокс и Дејвид Аркет беа на викенд во Дизниленд заедно со својата ќерка каде најверојатно и се смириле. Тој на својот профил на Твитер напишал: “Волшебно место во кое се шири среќа и љубов”.
Додека Дејвид објавува дека е близу до помирувањето со Кортни, таа изјавила дека не се смириле, но таа го направила првиот чекор за зближување и тоа само поради нејзината ќерка. Кортни и Дејвид имаа бурни расправии, и дојдоа до развод поради неверството на Дејвид и неговиот голем проблем со алкохолот. Дали тие ќе се смират зависи од однесувањето на Дејвид.