Научниците најдоа “лек за сите болести“?

13 јуни, 20110
1laboratorija

Во средиштето на стравот за ширењето на бактеријата Escherichia coli, германските научници тврдат дека нема причина за страб од никакви болести, бидејќи тие се на прагот да откријат револуционерен лек.

Всушност, антибиотиците чија примена до сега со успех лечеше многу здравствени проблеми, повеќе не се ефикасни како порано, поради што неопходно било да се пронајде ново средство за борба против бактериите.

Научниците од Институтот „IZI“ Лајпциг го објавиле своето откритие на кое бактериите не развиле имунитет. Се зборува за антимикробни пептиди, кратки полимери аминокиселини кои постојат кај некои инсекти и успешно спречуваат воспаленија и ширење на бактериите во организмот.

Како што објавиле локалните медиуми, откриени биле дваесетина микроланци пептиди кои претставуваат силна заптита против развивање на најразлични видови бактерии, почнувајќи од оние Streptococcus mutans кои го предизвикува забниот кариес, па се до оние супер бактерии кои постојат и кои скоро и да неможат да се излечат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi