Не бегаат сите од Косово:) Шефот на НАТО Билер ќе научи шота:)) Ќе се жени со ,,Косоварка,,:)

11 август, 20110
biler-odsustvo-prava-kriminalne-grupe-glavni-uzrok-krize-kosovu-slika-56139

Командантот на силите на КФОР во Косово, Ерхард Билер, ќе се женел со Албанка и не ја исклучил можноста и да продолжи да живее во Косово кога ќе му заврши мандатот, пишуваат српските медиуми.

Белградски Прес пишува дека германскиот генерал на чело на КФОР, поради мистериозна албанка ја оставил својата сопруга Хелга и синот Марко, и дека побарл продолжување на мандатот на Косово, за да можел да се ожени со неа.

Косовските медиуми, пишуваат дека главната команда на НАТО не му го одобрила барањето на Билер, каде тој навел дека треба да му се продолжи мандатот до решавање на ситуацијата во северниот дел на Косово.”

Од Белградски Прес, му укажуваат дека емотивнта врска која ја има со албанката во целост го дискредитира како прв преговарач на меѓународната заедница за кризата во северниот дел на Косово, а особено поради тоа што нивната врската трае од 2004 година.

Милан Ивковиќ, претседателот на Српскиот национален совет на северно Косово, изјавил дека врзувањето на албанските жени од Косово, со високи претставници на меѓународната заедница станало хронична појава.

“Албанците кај странците лобираат така што или им ги даваат жените или парите. Тоа е нивната тактика”, изјавил Ивковиќ.

Како пример, го посочил Михаел Штајнер, шефот на мисијата на ОН во Косово, кој исто така бил во врска со косовска Албанка, која наводно го оставила по завршување на неговиот мандат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *