Не се сончајте со мокра коса

17 јули, 20110
mokra kosa

Сонцето морската сол и хлорот се најголеми летни непријателина сјајната коса. Без разлика дали имате масна, нормална или сува коса, на море мијте ја секој ден. На плажа на врвовите на косата ставете регенератор или крема за сончање, а по престојот на палжа косата измијте ја со шампон за после сончање, со кој на најдобар начин ќе ја исчистите косата од сол, хлор и крема за сончање.

Летото е идеално да ја одморите косата од фенирање и да ја оставите сама да се суши. На сонце не би требало да излегувате со мокра коса, бидејки е поподложна на оштетување. Не  се препорачува фарбање и шишање пред летните одмори.

Ви нудиме неколку совети кои можат да ви помогнат косата да ви остане здрава и сјајна и по летните одмори.

Шампонирање

Оштетената коса мијте ја нежно, како не би ја оштетиле дополнително. Расчешлајте ја косата со четка пред  миење. Користете малку шампон и нежно масирајте ја косата. За последното палкнење користете студена вода, што ќе и даде на косата сјај и ќе ги затвори порите на темето. Се препорачува не користите производи со комбинација 2 во 1, туку одвоено шампон и балсам.

Препарати

За време на топлите денови користете препрати кои во себе содржат УВ заштита или пред да тргнете на плажа на косата нанесете регенератор. Доколку не сте на плажа, а морате да пешачите до работа, препорачливо е да ја заштитите косата со шешир или со марама.
Плажа

Кога зборуваме за заштита на косата од сонце, хлор и морска сол, важат истите правила за фарбана и не фарбана коса. Пред да влезете во базен или море, косата намокрете ја со обична вода како би впивала помалку морска сол и хлор. По капење во базен или мора мора косата да се измие со чиста вода.

Маска за регенерирање

Доколку саката може да направите и маска. Протебно ви е:

Две жолчки, две лажички мед, пола лажичка маслиново масло. Сето тоа измешајте го и нанесете го на на влажна коса. Маската може да ја држите на коса од 10 минути до 4 часа. На крај измијте ја со млака вода.

Банана за мека коса: Две банани изгмечете ги со вилушка и промешајте ги со четврина лажица мед. Маската нанесете ја на косата и оставете ја да делува половина час. Измијте ја косата со млака вода и малку балг шампон.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Нега прилагодена на вашата коса

Во текот на летото многу е важно да знаете како правилно да ја негувате косата и кои препарати да ги користите. Затоа препаратите прилагодете ги на вашата коса.

Права коса

Во текот на летото вашата коса се шири и има повеќе статучки електрицитет. Затоа косата мијте ја со шампон наменет за права коса и обавезно користете регенератор. Избегнувајте ги кремите, тежина на косата и остри рабови може да постигнете со восок, доколку сакате да добиете волумен користете пена.

Брановидна

Кај овој тип на коса битно е регенераторот да да го нанесете на целата коса. По миење користете крема за коса која ке и го даде посакуваниот брановиден облик на косата.

Виткана коса

Да го зачувате природниот изглед на витканата коса, на влажна коса по минење нанесете крема за коса или гел. На плажа каде сигурно не носите препарати за нега на коса, нанесете на врвовите на косата уље за сончање

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi