Не спијте со децата на кауч!

23 август, 20110
spienje

Доколку неодамна станавте родител морате да знаете неколку работи. Со децата морате да бидете внимателни, а една од важните работи е да не спиете со нив на каучот. Стручњаците тврдат дека најдобро е децата да спијат во своето креветче во близина на родителите.

Истражувањата покажа дека најголемата смртност на новороденчињата се случува во моментот кога спијат со родителите на кревет. Истражувањата покажаа дека во 54% од случаевите смртта се случува кога родителите биле под влијание на алкохол или други опојни сретства.

Доколку и вие сте родител немојте да се доведете во ситуација да заспиете на кревет или кауч со мало дете покрај себе. Доколку сте консумирале алкохол или некоја дрога никогаш немојте да спиете заедно со детето.

Спиењето на детето со родителите е сигурно доколку се спроведува на правилен начин, но тоа сигурно не е воден кревет, кауч или време кога родителите се под влијание на алкохол или дрога. Доколку детето спие со родителите пред да наполни година дена тоа ќе има долгорочна корист, а ако не сте во можност на правилен начин да спиете со вашето дете на ист кревет тогаш потрудете се детето да биде во истата соба во која сте и вие.

Доколку мајката одлучи да спие со детето поголема е можноста дека подолго ќе го дои, а со самото тоа детето ќе биде по-отпорно на разни болести. Многу мајки раскажуваат како со детето го поминуваат поголемиот дел од ноќта во заеднички кревет.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *