Недељковиќ: Не се плашиме, барикадите ќе останат

30 јули, 20110
1937843

Србите кои живеат во северниот дел на Косово нема да се откажат од блокадите на патиштата и нема да дозволат единиците на КФОР да се движат кон преминот Јариње и Брњак, изјавил шефот на косовско-митровачкиот округ Раденко Недељковиќ.
Недељковиќ изјавил дека жителите на северниот дел на Косово ќе продолжат со мирниот протест се додека има потреба за тоа.

“И покрај заканите на КФОР, дека ќе употреби сила доколку не се отстранат барикадите, ние и понатаму ќе протестираме се додека не се исполнат нашите законски и легитимни барања.
“Ние нема да дозволиме на единиците на КФОР да поминат преку барикадите. Со оглед на фактот дека тие имаат хеликоптери со кои редовно ги транспортираат цариниците од албанска националност, исто така ќе можат и преку воздух да ги снабдуваат и своите единици на Косово, изјавил Недељковиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi