Некогаш најдебелата тинејџерка во Британија сега се бори со анорексија, откако нејзиниот живот беше превртен наопачки по вградување на гастритичен бајпас.
Малиса Џонс 21 годишна девојка изгубила толку многу килограми, што сега едвај тежи 50 килограми, а пред само четри години лекарите ја предупредуваа дека може да умре ако продолжи да се дебелее. Некогаш таа имала 200 килограми, а експерите ја предупредија дека мора да ослабе 130 килограми во рок од неколку месеци. Малиса се одлучила на операција и била најмладата личност на кого и бил вграден гастритичен бај пас. Од тогаш таа толку многу ослабела што лекарите и дијагностицирале анорексија. Ова звучи неверојатно, бидејќи Џонс некогаш внесувала по 15 илјади калории на ден.
Сега таа јаде три моркови, две порции пашканат и варен компир, со што обезбедува 300 калории, а лекарите и препорачале да внесува дневно 500 до 1000 калории ако сака да си го спаси животот.